Реал Мадрид има една голема мана – Oдбраната им е дупка и пак примаат голови како пред една деценија (Фото+Видео)

Реал Мадрид по 11-пат сезонава прими гол во Ла Лига, а вечерва Санти Комесања и Алваро Гарсија погодија за Рајо Валјекано во петтата и во 44-тата минута на малото мадридско дерби, кое е одлично и заврши со резултат 2:2 по првиот дел.

Комесања, чиј гол можете да го погледнете ОВДЕ, и Гарсија само ја потврдија праксата дека Реал пречесто прима голови во новата сезона во шпанското првенство, а ефектот само од два меча од вкупно 13 на кои не примиле гол е најлош од сезоната 2013/14.

За среќа на актуелниот шпански и европски првак, лесно дава голови и со 31 погодок заедно со Барселона е најефикасниот тим во Ла Лига по 13 кола.

Вечерва најпрво Лука Модриќ го совлада Столе Димитриевски од пенал во 37-мата минута, а потоа и Едер Милитао погоди во 41-вата минута и Кралскиот клуб набрзина направи пресврт во првото полувреме, но не води бидејќи Гарсија израмни на 2:2 со гол во 44-тата минута.

Со победа на „Валјекас“, Реал би се вратил на врвот на табелата со 35 бода, пред Барселона со 34.

- Оглас -

Најнови вести