Роберт Левандовски ја прими Златната копачка, посака да ја освои и како играч на Барса

Полскиот голгетер Роберт Левандовски денеска ја прими Златната копачка,  наградата за најдобар стрелец во Европа во сезоната 2021/2022.

Левандовски сега е играч на Барселона, а головите со кои си го заслужи признанието ги даваше во дресот на Баерн Минхен. Тој и сезонава е еден од најсериозните кандидати за наградата.

„Би сакал да ја освојам Златната копачка и како играч на Барселона“, рече Левандовски, кој во минатата сезона во Бундеслигата даде 35 гола и победи во трката за наградата пред Килијан Мбапе, Чиро Имобиле и Карим Бензема, но беше единствен со над 30 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести