За четири месеци вредноста на Миовски скокна за 10 пати повеќе

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е вистински хит во првенството на Шкотска. Напаѓачот кој летово потпиша за екипата на Абердин, восхити со своите погодоци.

Во досегашниот дел од сезоната, Миовски не само што е прв стрелец во својот тим, туку тој е и најдобар стрелец во шкотското првенство, каде што играат европските гиганти Глазгов rенџерс и Селтик. Вкупно 11 погодоци даде Миовски и со тоа го привлече вниманието од поголемите европски екипи.

Засега нема конкретна понуда за евентуален трансфер на Миовски, но процентките се дека неговата цена е порасната за повеќе од 10 пати од тоа што беше само пред неколку месеци, па сега ако некој сака да го откупи неговиот договор од Абердин, ќе треба да издвои барем пет милиони евра.

Миовски од денеска е во Скопје, каде што се приклучи на репрезентацијата на Македонија за подготовка пред пријателските дуели против Финска на 17 ноември и против Азербејџан на 20 ноември, и двата во Скопје на арената „Тодор Проески“.

- Оглас -

Најнови вести