Левандовски доби суспензија од три меча

Роберт Левандовски нема да игра на следните три натпревари за Барселона во домашните натпреварувања доколку не се случи некое намалување на казната по жалбата која ја најавуваат од Барселона.

Полјакот беше исклучен на гостувањето кај Осасуна и за црвениот картон доби автоматска суспензија од еден меч, но кога одеше кон соблекувалната, гестикулираше со прстот под нос, па за тоа доби казна уште од два меча.

Ако суспензијата не биде намалена, Барса ќе треба без Левандовски да игра против Еспањол и Атлетико Мадрид, како и на меч од Купот на Шпанија.

Црвен картон во Памплона доби и Жарарт Пике, а тој доби суспензија од четири натпревари. Пике ја заврши кариерата, па Барса нема да биде многу оштетена.

- Оглас -

Најнови вести