Легендарниот италијански голман Џанлуиџи смета дека само една репрезентација од Европа е фаворит за триумф на Светското првенство во Катар што започнува в недела.
За Буфон, Бразил и Аргентина се главни фаворити за трофејот, а веднаш зад нив е актуелниот светки првак, Франција.
„Според мене, Аргентина и Бразил се двата најголеми фаворити за триумф во Катар. На индивидуален план, само Франција делува дека може да им се спротивстави, но не знам какви се како тим. И можеби Белгија може да изненади бидејќи ми се допаѓа како брани Куртоа“, вели Буфон.
Италија ќе ја нема на Мундијалот во Катар бидејќи Аѕурите загубија од Македонија во полуфиналето од баражот, и тоа со голот на Александар Трајковски во судиското продолжение.
„Се случи нешто неверојатно, но тој пораз ве тера да сфатите во која мерка психолошкиот аспект одлучува во спортот. Италијанските фудбалери во дуелот со Македонија веројатно влегоа разочарани бидејќи не го освоија првото место во квалификациите и не обезбедија директен пласман на СП. Згора на тоа, против Швајцарија во квалификациите промашија пенал за победа во последните моменти од мечот и тие негативни аспекти влијаеја наводно лесната пречка да стане непремостлива“, смета Буфон.