Квотите најавуваат убедлив пораз на МЗТ, но кошаркарите на првакот веруваат во чудо

МЗТ Скопје Аеродром има нов тежок предизвик во регионалната АБА-лига. Македонскиот првак гостува на ФМП во рамките од седмото коло, а дуелот започнува во 18 часот.

По досега одиграните шест кола, ФМП има само еден пораз, додека МЗТ има само една победа, па затоа домаќинот е втор на табелата, а аеродромци се втори, но од долниот дел. Пред пет години, МЗТ двапати има гостувано кај ФМП во АБА 1 лигата и двата пати губеше убедливо со примен троцифрен број поени. Во февруари 2017 година ФМП дома славеше со 101:82, а истата година во октомври српскиот тим победи со 100:72.

Иако и традицијата и квалитетот и актуелната ситуација на табелата вели дека ФМП е апсолутен фаворит, од таборот на МЗТ најавуваат дека нема да се предадат. Дамјан Робев вели дека МЗТ треба да го следи примерот на Задар, кој ја изненади Црвена ѕвезда во Белград.

„Ќе направиме сè што можеме адекватно да се подготвиме за дуелот против ФМП, кој доаѓа по навистина збиениот натпреварувачки распоред во кој повеќето бевме и посветени на репрезентацијата. Противникот игра одлично, во добра форма, но нашата цел е да го дадеме максимумот и да се обидеме да изненадиме. Ако Задар како гостин успеа да ја победи Црвена ѕвезда, тогаш зошто да не се надеваме дека ќе ги победиме нашите ривали од Железник“, вели Робев пред денешниот дуел.

- Оглас -

Најнови вести