Со состав каков што има Саудиска Арабија, со играчи само од домашното првенство да ја победите Аргентина на Светско првенство и притоа со пресврт, спречувајќи ги противниците да дојдат до светски рекорд од 37 меча по ред без пораз, покажува каков мајстор е францускиот стручњак Ерве Ренар, кој е селектор на Саудијците.
Тој на полувреме им внесе самодоверба на своите момци, а тие одговорија на најдобар можен начин и го направија едно од најголемите изненадувања во историјата на светските првенства.
Ренар е прв тренер кој го освојувал Африканскиот куп на нации со две различни селекции, тоа му појде од рака со Замбија и Брегот на Слоновата кКска. На СП го однесе и го водеше и Мароко, а ова со победата над Аргентина му е круна.