Вердер Бремен прослави уникатен рекорд, Баерн загуби уште едно дерби

Екипата на Вердер Бремен пред своите навивачи го одигра 2.000 натпревар во германската Бундеслига. Вердер е само вториот клуб во историјата на германското првенство кој може да се пофали со ваков биланс и се приклучи на Баерн Минхен кој во 2008 година одигра јубилејни 2.000 натпревари.

За жал на навивачите на Вердер, нивниот омилен тим одигра само 2:2 против Борусија Менхенгладбах во овој историски дуел за нив.

Штутгарт со 3:1 го победи Баерн Минхен во дербито на 32 коло и во последните две кола ќе се води битка за второто место на табелата. Баерн останува со 69 бодови, а Штутгарт сега има 67 бодови.

Популарните Шваби поведоа, а Хари Кејн од пенал израмни на 1:1 што беше резултат на полувремето. Нерешено беше до десетина минути пред крајот, кога Штутгарт постигна два гола и стигна до триумф над најтрофејниот германски клуб.

Во останатите мечеви од ова коло: Борусија Дортмунд – Аугсбург 5:1 и Волфсбрг – Дармштат 3:0.

- Оглас -

Најнови вести