Ињаки Вилијамс се лизна за подвиг во 100-тата минута и реми 3:3 против Португалија (Видео)

Ињаки Вилијамс го играше деби-мечот на Мундијалите откако прифати да игра за репрезентацијата на Гана и можеше да биде вистински херој на Црните ѕвезди за реми против Португалија.

Играчот на Атлетик Билбао мудро ја искористи грешката на голманот Диого Коста во 100-тата минута, му се прикраде од зад грб на десеттина метри од голот на Португалија и кога само требаше да ја казни ноншалантноста на чуварот на мрежата во дуел очи в очи, се лизна и не успеа да погоди за реми 3:3.

Драматичниот момент во десеттата минута од судиското продолжение можете да го погледнете ОВДЕ.

Утката на Ињаки значеше и победа на Португалија во драматичен меч со пет гола во второто полувреме, сите постигнати во рок од 24 минути, од 65-тата до 89-тата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести