Сантош мајсторски го погоди нападот – Роналдо, Феликс и Леао ѝ донесоа драматична победа на Португалија (Видео)

Селекторот на Португалија, Фернсо Сантош, трпеше многу критики во последно време, но денеска мајсторски погоди сè со составот на репрезентацијата, особено со напаѓачите во победата против Гана од 3:2.

Против Црните ѕвезди почна во стартниот состав со Кристијано Риналдо и Жоао Феликс во нападот, а тие двајца беа стрелци на головите, заедно со Рафаел Леао, кој беше резерва, но даде гол само 180 секунди откако влезе во игра.

Голови за Гана дадоа Андре Ају и Осман Букари, а сè што беше интересно се случуваше во второто полувреме, кога беа постигнати сите 5 погодоци.

По сомнително досудениот пенал во 62-рата минута и дуелот меѓу Роналдо и Салису, судијата Елфат од САД покажа на белата точка.

Пеналот го изведе Роналдо и погоди, а со тоа стана светски рекордер и единствен во историјата на Мундијалите што погодувал на пет различни првенства.

Радоста на Португалците траеше само 8 минути и во 73-тата минута Андре Ају израмни на 1:1.

https://twitter.com/ChampionsTV_/status/1595833062746910722?s=20&t=ie7AGyR71tlCeq5-GTBWpQ

Гол-шоуто со пет погодоци во рок од 25 минути продолжи со прецизен удар на Жоао Феликс за 2:1 во 78-мата минута.

Рафаел Леао само 180 секунди откако влезе во игра погоди за 3:1 и најави сигурна победа на Португалците.

Сепак, имаше и драма на најефикасниот меч денеска, а Букари намали на 3:2 со прецизен удар во 89-тата минута, но Гана немаше сили за уште еден гол и еден бод.

https://twitter.com/2022_QatarWC/status/1595836614189920257?s=20&t=ie7AGyR71tlCeq5-GTBWpQ

Претходно во премиерниот меч од Х групата, Уругвај и Јужна Кореја одиграа 0:0.

- Оглас -

Најнови вести