Репрезентативецот на Саудиска Арабија, Абдулелах Ал-Малки се пријави за оскар за најдобра глума на Мундијалот во Катар, денеска на мечот со Полска.
Саудијците загубија со 0:2, а Ал-Малки во финишот на првото полувреме имаше комичен обид да изнуди фаул во дуелот со Пјотр Зјелински.
Пред нив високо скокна Милик, а Ал-Малки, иако прваше фаул над Зјелински падна како покосен на тревникот сугерирајќи дека е удрен од стрелецот на првиот гол.
На шега е објавено дека Абдулелах се пријави за наградата „Фалон Д`Флор“ како пародија на престижната награда „Балон Д`Ор“, осносно Златната топка за најдобар играч во годината.