Актуелниот светски шампион Франција со две победи во првите две кола обезбеди пласман во нокаут-фазата на Светското првенство во Катар, но селекторот Дидие Дешан остана без еден од клучните играчи во одбраната.
Триумфот од 4:1 над Австралија остана во сенка во тешката повреда на Лукас Ернандес. Фудбалерот на Баерн Минхен ги скина лигаментите и за него сезоната е завршена.
Ернандес кој од стартот на професионалната кариера има големи проблеми со повредите, според францускиот „Лекип“, размислува дури и да стави крај на кариерата.
Оваа вест не би била чудна доколку Лукас Ернандес нема само 26 години.
🚨 Following his serious injury against Australia, Lucas Hernandez has considered stopping his career. 🥺
(Source: @lequipe) pic.twitter.com/9UwXb0RVWF
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 26, 2022