Легендарниот Сер Алекс Фергусон од 1986-тата до 2013-тата го водеше Манчестер јунајтед во најтрофејниот период во неговата историја, а денес веќе има 82 години. Како што вели за англиските медиуми, тој се грижи за своето умствено здравје решавајќи квизови, а најмногу се плаши од деменција или алцхајмер.
„Имам 82 години, нормално дека се грижам. Би лажел ако кажам дека не размислувам што ако се разболам од деменција или алцхајмер. Мојата меморија е многу добра и правам работи кои ми одговараат. Многу читам, а умствено здравје одржувам со квизови. На интернет наоѓам од оние квизови со 100 прашања и ги одговарам. Ако немам 70 точни одговори, почнувам да се грижам.“ – рече Сер Алекс Фергусон.