Селекторот на актуелниот светски шампион, Дидие Дешан, по триумфот над Данска од 2:1, изјави дека е задоволен од прикажаната игра на неговите фудбалери.
„Успеавме да направиме многу интересни работи, не недостасуваше малку повеќе среќа, но им честитам на на моите играчи. Ми изгледаше логично да победиме денеска.
Често ја потценуваат Данска, но тие денеска покажаа дека се една од подобрите репрезентации“, изјави Дешан на прес-конференцијата на натпреварот.
Со триумфот над Данска, Франција стана првата репрезентација што обезбеди пласман во нокаут-фазата и тоа по две одиграни кола. Триколорите во првото коло убедливо со 4:1 ја совладаа Австралија која е втора на табелата во групата Д со три бода, додека Данска и Тунис имаат по еден бод.
„Тоа ни носи мир и уведување дека ќе бидеме први во групата. Првата цел е исполнета“, додаде Дешан.