Елмас и Наполи наскоро може да добијат нов сопственик кој нуди милијарда евра за лидерот во Серија А

Екипата на Наполи, за која настапува и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, која имаше фантастичен старт на сезоната, идната година би можела да добие нов сопственик.

Весникот „Милано финанса“ пишува дека актуелниот сопственик на Наполи, Аурелио де Лаурентис, добил понуда која тешко може да ја одбие за да го продаде лидерот во Серија А.

Весникот пишува дека заинтересиран за купување на Наполи е неименуван мексикански инвеститор, кој наводно е подготвен да плати милијарда евра за преземање на клубот.

Според весникот, Де Лаурентис не одговорил на понудата, туку сакал да заврши сезоната бидејќи Наполи се наоѓа на добар пат по третпат да ја освои титулата во Серија А. По 15 кола, Наполи е лидер на табелата во Серија А со осум бода повеќе од второпласираниот Милан.

- Оглас -

Најнови вести