Во аргентинското првенство синоќа се одигра популарното Суперкласико меѓу најголемите ривали Бока јуниорс и Ривер плејт. Кога играат овие две екипи не може да помоне без драми, возбудувања и тензии, па така беше и овојпат на стадионот „Ла Бомбонера“.
Ривер поведе со гол постигнат во првото полувреме, а потоа Бока со сите силе се обидуваше да израмни. Во 90+7 минута, домаќините постигнаа гол, но по проверка од ВАР собата, судијата виде дека има играње со рака. Погодокот беше поништен и на крајот Ривер славеше на теренот на најголемиот ривал.
За Бока ова е прв пораз на „Ла Бомбонера“ во 2024 година, а навивачите беа разочарани, лути и револтирани дека тоа се случи во дуел со најголемиот ривал. Додека фудбалерите на Бока заминуваа во тунелот за да одат кон соблекувалните, домашните фанови со навредливи зборови ги испраќаа.
Тогаш, голманот Ромеро реши да се соочи со лутите навивачи. Тој истапи од редот и тргна директно кон трибината, каде што беа лутите навивачи. Тогаш се случи мешаница. Дел од навивачите се обидуваа да се тепаат со Ромеро, други да го одбранат, а по брзата интервенција на полицијата и редарите не се случи поголем инцидент.
Lo de Romero es gravísimo, pero vean la actitud de los que estaban en las escaleras. Ninguno intenta agarrarlo, todos calladitos. Eso es Boca, jugadores sin espíritu, sin alma, que no entienden dónde están. Les falta rebeldía, viveza, huevos.
pic.twitter.com/hYXqC1e7kD— Boca Juniors 🇺🇦 (@BocaJuniors_GO) September 22, 2024