За прв пат од 1994 година, ниту една репрезентација не оствари три победи во групната фаза

Вчера завршија настапите во групната фаза на Светското првенство во Катар, а денеска веќе започнуваат натпреварите од осминафиналето, но исто така денеска и се сумираат впечатовите од првите 10 десет дена од Мундијалот.

Освен што беа елиминирани неколку фаворити како Германија, Уругвај и Белгија, многу интересен податок е што ниту една репрезентација не победи на трите натпревари во групната фаза, што е прв пат вакво нешто да се случи по Светското првенство 1994 година што се одржа во САД. Тогаш триумфираше Бразил, кој и сега обезбеди пласман во нокаут-фазата.

Последни селекции кои имаа шанса да одат во нокаут-фазата со максимални 9 бода беа Португалија и Бразил, но и двете репрезентации вчера загубија. Португалците беа поразени од Јужна Кореја со 2:1, а Бразил од Камерун со минимални 1:0.

Најуспешни репрезентации беа Англија, Холандија и Мароко кои освоија седум бода, додека останатите победници во групите, Аргентина, Франција, Јапонија, Бразил и Португалија, ,освоија по шест бода.

Интересно е дека шест бода освоија и Швајцарија, Австралија и Сенегал, но, не успеаја да завршат на првото место во своите групи. Швајцарија и Австралија имаа послаба гол разлика од Бразил и Франција, додека Сенегал освои бод помалку од Холандија.

- Оглас -

Најнови вести