Ѓорѓи Христов вели дека празничните подароци од лидерот во Премиерлигата завршија и дека вториот најтрофеен клуб во Англија ќе го победи Кристал Палас, денеска во меч од 23. коло. Поранешниот играч на Барнсли очекува и нова победа на залетаниот Манчестер јунајтед и едно изненадување во Лондон.
Ливерпул – Кристал Палас (Сабота, 16 часот)
Ливерпул нареди два порази за Новогодишните празници, но се врати со значајна победа против Брајтон и сега повторно нема избор, освен да ги освои бодовите против Кристал Палас. Битката за титулата се разжести и кандидатите за вредниот трофеј немаат право на кикс.
Ми се допаѓа стилот на игра на Кристал Палас, но Ливерпул е преголем залак за нив.
Предлог тип: 1&3+ (1.55)
Манчестер јунајтед – Брајтон (Сабота, 16 часот)
Имаат интересен биланс во меѓусебните дуели. По две победи на домашните екипи на четири меча, па сега и по традиција и според квалитетот ред е повторно домаќинот да победи.
Манчестер јунајтед направи неверојатен пресврт, сега најсилен адут им е победничката атмосфера, а стасаа до позиција да се борат и за место кое гарантира настап во Лигата на шампионите. Брајтон игра солидно, но нема да ја сопре триумфалната серија на Оле Гунар Солскјер и на „црвените ѓаволи“.
Очекувам офанзива на фаворитот од самиот старт на мечот на „Олд Трафорд“ и нов триумф.
Предлог тип: 1-1 (1.95)
Њукасл – Кардиф (Сабота, 16 часот)
Ова ќе биде интересен меч на две екипи кои се борат за опстанок. Њукасл покажа знаци на подобрување на формата, на ист пат е и Кардиф, но поради реномето и сепак подобриот квалитет верувам во победа на домашната екипа.
Можеби мал проблем за Њукасл се големите проблеми со повредени играчи, но сепак се фаворити и верувам дека со победа ќе го прескокнат Кардиф на табелата во Премиерлигата.
Предлог тип: 1&2-3 гола (2.75)
Арсенал – Челзи (Сабота, 18.30 часот)
Двете екипи играат променливо и сега Манчестер јунајтед им станува опасен конкурент за четвртата и петтата позиција. Арсенал нема доволно добри креативци во средниот ред, откако Озил не игра, а Челзи се мачи со напаѓачите.
Сепак ова е лондонско дерби и дуел на две големи екипи, па сите проблеми ќе бидат заборавени и ќе се игра на победа. Очекувам ефикасен меч, чиј исход тешко се прогнозира, па ќе типувам дека и двете екипи ќе постигнат најмалку по еден гол.
Предлог тип: ГГ (1.55)
Фулам – Тотенхем (Недела, 17 часот)
Мислам дека проблемите што неочекувано ги има во таборот на Тотенхем, ќе влијаат на исходот на мечот против Фулам. Најдобриот стрелец на гостите Хари Кејн нема да игра, што е голем хендикеп. Не се само головите во прашање, а Кејн е извонреден стрелец, туку ќе недостасува и лидер во тимот на Тотенхем.
Згора на се и Хјунг Мин Сон ќе биде отсутен поради обврски кон репрезентацијата на Јужна Кореа, што е нов хендикеп за третопласираната екипа во Премиерлигата.
На Фулам очајно му требаат бодови и мислам дека ќе освои еден, со реми против драстично ослабениот Тотенхем, во уште едно лондонско дерби во Премиерлигата.
Предлог тип: Х (3.60)