Црвена ѕвезда го победи Партизан со 76:73 во историското прво кошаркарско вечно дерби во Евролигата. Партизан беше домаќин, но Црвено-белите на крајот се радуваа во преполната сала во Белград.
Партизан одлично го отвори дуелот и поведе со 16:4, а по првите 10 минути водеше со 20:11. Црвена ѕвезда брзо се врати во втората четвртина, па за кратко време гостите со серија од 11:0 поведоа со 24:22, а на полувреме заминаа со водство од 40:33.
Партизан израмни на 44:44 и речиси се знаеше дека до крајот ќе биде неизвесно. Партизан водеше со 71:65, кога гостите прво погодија за 71:67, а потоа Лука Вилдоза даде тројка за 71:70. Црно-белите реализираа за два поени, за да на спротивната страна Вилдоза повторно погоди тројка за 73:73 на една минута до крајот. Двете екипи имаа неколку промашени напади, а во последниот напад на Црвена ѕвезда, Немања Недовиќ кој до тој момент имаше шест промашени шута за тројка од исто толку обиди, конечно погоди за 76:73.
https://twitter.com/i/status/1600965713149464578
Навивачите на Партизан кои во текот на целиот меч направија фантастична атмосфера, останаа во шок, а нивниот миленик загуби.
Во останатите мечеви кои се играа вечерва во Евролигата: Алба Берлин – Фенербахче 75:104, Панатинаикос – Милано 90:77 по продолжение (72:72), Макаби Тел Авив – Валенсија 84:68.