Меси со рекорди оди кон Златната божица, го мина Пеле и го стаса Батистута (Видео)

Лионел Меси сигурно чекори кон својата прва светска круна, нешто што му недостасува во кариерата, а кон Златната Божица оди со рекорди.

Вечерва против Холандија најпрво му асистираше на Молина за водечки гол на Аргентина во 35. минута, со што го мина легендарниот Пеле.

Меси има пет асистенции на Мундијалите во нокаут фаза, а досега рекордер беше Пеле со четири.

Лео потоа погоди од пенал во 73. минута, што му е десетти погодок на Светските првенства исо тоа го стаса аргентинскиот рекордер Габриел Батистута.

 

- Оглас -

Најнови вести