Црн петок на пенали за Бразил и Холандија – Аргентина и Хрватска ќе играат во полуфинале на Мундијалот во Катар (Видео)

Драматично второ четвртфинале одиграа Холандија и Аргентина и повторно пеналите одлучуваа за полуфиналист на Мундијалот во Катар, а таму ќе играат Хрватска и Аргентина.

Во регуларниот дел резултатот беше нерешен 2:2, идентично беше и по двете продолженија од по 15 минути.

Пенал-серијата почна со промашување на Вирџил Ван Дајк за Холандија, а во првата серија за Аргентина погоди Лионел Меси.

Голманот на Аргентина Емилијано Мартинес пак беше брилијантен и му одбрани пенал на Бергхуис, а неговиот соиграч Паредес беше прецизен за 2:0 на пенали.

Копмајнерс прв погоди од белата точка за Холандија во третата серија, но и Монтиел беше прецизен за 3:1 што беше недостижна предност за Аргентина, иако Вегхорст погоди и намали на 2:3, а потоа Енцо Фернандес промаши.

Лук Де Јонг израмни на 3:3, но последниот пенал го изведе Лаутаро Мартинес и погоди за победа на Аргентина од 4:3.

Комплетната пенал-серија можете да ја погледнете ОВДЕ.

Во регуларниот дел беше неверојатно драматично и Вут Вегхорст ја спаси Холандија од елиминација со вториот негов гол на мечот во 101 минута за конечни 2:2.

Претходно, истиот играч погоди во 83. минута, само 300 секунди откако влезе во игра и најави подвиг и анулирање на предноста на Аргентина од 2:0.

Гаучосите играа сигурно до 73. минута кога Лионел Меси погоди од пенал за 2:0. Претходно капитенот на Аргентина со атрактивна асистенција во 35. минута му овозможи на Нехуел Молина да погоди за 1:0.

Потоа следеше шок за Аргентинците и два гола за продолженија на Вегхорст, но сепак Гаучосите ќе играат полуфинале со Хрватска, благодарение на победата на пенали.

Хрватите претходно го елиминираа Бразил исто така на пенали, со резултат 4:2.

Утре од 16 часот се игра третото четвртфинале меѓу Португалија и Мароко, а од 20 часот во дербито актуелниот светски првак Франција ќе игра со Англија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести