Вегхорст ги расцвета Лалињата, драматичен финиш и гол во 101 минута ја растажи Аргентина и донесе продолженија (Видео)

Голема драма е во тек во Катар, а ја приреди Холандија со два гола во финишот за израмнување на 2:2 против Аргентина и за продолженија во второто четвртфинале.

Јунак е Вут Вегхорст кој влезе во игра во 78. минута при резултат 0:2 и даде два гола.

Првпат беше прецизен во 83. минута, а потоа во последен миг во 101 минута пак погоди за драматичен финиш и 2:2.

Во тек се продолженија, кои не се ни насетуваа по 73. минути игра.

Аргентина поведе во 35. минута кога Меси велемајсторски го проигра Молина за 1:0, а со асистенцијата, која му е петта на Мундијалите во нокаут фаза го престигна на вечната листа легендарниот Пеле.

Потоа со гол од пенал во 73. минута се запиша во листата на стрелците по четврти пат на ова СП и вкупно десетти на сите Мундијали што ги играл и го стаса аргентинскиот рекордер Габриел Батистута.

Холандија намали со голот на Вегхорст во 83. минута, а потоа играчот на Бешикташ пак беше прецизен во 11-та минута од судиското продолжение.

https://twitter.com/goalsreplayg/status/1601317139713253376?s=20&t=u2H8Sr8vxBF2-7CT986IAA

Аргентинците се единствената селекција од Јужна Америка што се уште е во игра за пехарот, а со Мароко се единствените две селекции што имаат шанса за титулата, а не се европски репрезентации.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести