Мароканец е најголем баксуз на СП, поради голема глупост нема да игра во полуфиналето

Репрезентацијата на Мароко обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство во Катар, откако во четвртфиналето оствари сензационален триумф над Португалија, и притоа испиша историја. Мароко е првата африканска репрезентација што обезбеди пласман во полуфинале на Светско првенство, но во него нема да игра Валид Кедира и поради глупост.

Имено, Кедира во судиското продолжение доби два непотребни жолти картони.
Прво, во 91-та минута, на средина од противничката половина го удри Пепе со лакот при скок и го доби првиот жолт картон, а само минута и пол подоцна, исто така на противничката половина, поради остар старт го заработи вториот жолт картон, што значеше исклучување.

Поради тоа, 24-годишниот играч на италијанскиот второлигаш Бари ќе го пропушти најважниот натпревар во својата кариера.

- Оглас -

Најнови вести