Тешко болниот Пеле се огласи по елиминацијата на Бразил и има порака за Нејмер

Поранешниот бразилски фудбалер Едсон Арантес до Насименто Пеле кого ФИФА го прогласи за најдобар фудбалер во 20-тиот век, му честиташе на Нејмар што се израмни со него по бројот на постигнати голови за Кариоките, а притоа и упати една молба.

„Продолжи да не инсипираш сите нас, а јас по секој твој гол ќе ги кревам рацете во вис како што го правев и досега“, напиша Пеле на својот профил на Инстаграм.
Легедарниот Бразилец од 29 ноември е примен во болница во Сао Паоло поради лоша здравствена состојба.

Нејмар во четвртфиналето против Хрватска, во 106-та минута од продолженијата постигна гол за бодство на Бразил и тоа беше 77 гол за играчот на ПСЖ во дресот на Бразил, со што се израмни токму со Пеле.

Но, Коскестите успеаја да дојдат до израмнување во 117-та минута и потоа победи на пенали, а по натпреварот Нејмар изјави дека не може со сигурност да каже дека ќе продолжи да игра за репрезентацијата. Но, Пеле има молба за напаѓачот на ПСЖ.

„ Те гледав како растеш, навивав за тебе секој ден и сега конечно можам да ти честитам за израмнувањето со мене по бројот на постигнати голови за Бразил. Го поставив рекордот пред речиси 50 години и до сега никој не се приближил, а ти момче успеа. И двајцата знаеме дека тоа е повеќе од бројка. Нашата должност како спортисти е да инспирираме, денеска колегите, а утре новатаг генерација и сите кои го сакаат фудбалот“, напиша Пеле.

- Оглас -

Најнови вести