Јокиќ брилјира и на теренот и пред камерите: Сопругата нема да дозволи мајка ми да влезе во кујна (Видео)

Ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, откако на теренот дојде до јубилејниот 80-ти трипл-дабл, приреди ново шоу на прес-конференцијата по победата над Јута џез од 115:100.

Новинарите го прашаа дали му годи кога навивачите му скандираат МВП.
„Не. Секогаш промашувам кога ќе почнат да скандираат“, се пошегува Јокиќ.

Центарот на Денвер ги насмеа сите присутни на прес-конференцијата со одговорот на прашањето дали му недостасува готвењето на мајка му, која наскоро ќе му дојде во посета.

„Мислам дека сопругата нема да и дозволи да влезе во кујната. Не би сакал да се мешам“, одговори Јокиќ.

- Оглас -

Најнови вести