Ал-Рихла замина во историја, финалето на СП во Катар ќе се игра со друга топка

Производителот на спортска опрема „Адидас“ објави како ќе изгледа топката со која ќе се игра финалниот натпревар, но и полуфиналињата на Светското првенство во Катар.
Досега натпреварите се играа со топката „Ал-Рихла“, а завршницата ќе се игра со „Ал Хилм“ која се разликува само во дизајнот.

Натпреварите на СП во Катар стигнаа до полуфиналето. Во првото полуфинале кое е закажано за вторник, ќе играат Аргентина и Хрватска, а еден ден подоцна се среќаваат Франција и Мароко.

- Оглас -

Најнови вести