Мбапе: Предоцна е да бидам Меси, сакам да имам кариера како таа на Роналдо

Напаѓачот на ПСЖ и на репрезентацијата на Франција, Килијан Мбапе, изјави дека сака да има кариера како таа на Кристијано Роналдо, а не како таа на Лионел Меси.

Мбапе и Франција утревечер од 20 часот ќе играат во второто полуфинале на СП во Катар против најпријатното изненадување Мароко, а со пет гола е прв стрелец на Мундијалот и доколку Триколорите ја одбранат титулата светски шампион, сигурно е дека ќе биде прогласен и за најдобар играч на Мундијалот.

„Сакам да имам кариера како таа на Роналдо бидејќи е невозможмо да го имитирам Меси. Доцна е за мене да градам кариера како таа на Меси“, изјави Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести