Агентот на Роџер Феререр, Тод Годсик, најави дека славниот швајцарски тенисер по две години од пензионирањето би можело пак да се врати на терен.
Федерер би играл на егзибициски меч против Рафаел Надал, што би било простување на Шпанецот од активното играње тенис.
„Мислам дека нема дилеми околу тоа. Роџер и Рафа сакаат да соработуваат, тоа би било одлична приказна“, изјави Годсик.
Последен пат Надал и Федерер одиграа егзибициски меч меѓу себе во 2020 година, кога во Јужна Африка беше приреден вистински спектакл. Федерер кариерата ја заврши на Лејвер купот во 2022.