Кој ќе биде светски шампион, квотите се максимално израмнети (Фото)

Фудбалските репрезентации на Франција и Аргентина в недела ќе играат во финалето на Светското првенство во Катар, а според квотите, нема голем фаворит.

Влогот и за Франција и за Аргентина е трета шампионска титула, Триколорите во Катар допатуваа како актуелни светски шампиони, а првиот трофеј го кренаа во 1998, додека Гаучосите беа најдобри во 1978 и 1986 година.

Веднаш по одигрување на второто полуфинале, Sport Life ги објави коефициентите за големото финале, а денеска има нова игра во која може да се игра кој ќе биде светски шампион.
Квотите се максимално израмнети: за Килијан Мбапе и Триколорите да го кренат шампионскиот пехар, коефициентот е 1.91, а за тоа да го сторат Лионел Меси и Гаучосите, квотата е 1.92.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести