Дешан „грмна“: Мора да бидам внимателен што ќе кажам за судењето

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, беше разочаран по финалето кое го загуби неговата репрезентација од Аргентина. Дешан вели дека многу болно било тоа кога неговите фудбалери успеале да се вратат во игра, но на крајот сепак загубиле.

„Нашите противници покажаа голем квалитет и агресивност, но ние успеавме да се вратиме во мечот и затоа уште повеќе жалиме поради овој пораз. Беше емотивно, а на крајот заврши сурово. Бевме многу блиску до освојување на уште едно злато. Нашиот сон не се оствари“, рече Дешан.

Кога беше запрашан за коментар околу судењето, селекторот на Франција немаше многу позитивни реакции.

„Повеќе ќе сакав да не ме прашавте за судењето. Морам да бидам внимателен што ќе кажам. Беше како што беше… Судењето можеше да биде и полошо, но секако дека можеше да биде и подобро. Пред финалето реков дека Аргентина имаше среќа, па и сега нема да кажам ништо поинаку. По мечот разговарав лично со судијата, но не сакам сега да откривам детали“, додаде разочараниот Дешан, кој не откри дали ќе остане да биде селектор на националниот тим.

- Оглас -

Најнови вести