Бразилците го молат Нејмар да не се повлекува од репрезентацијата

Бразилските фудбалери го замолија Нејмар да остане дел од репрезентацијата по разочарувачкиот настап на Кариоките на Светското првенство во Катар.

Голем број бразилски фудбалски ѕвезди, меѓу кои и Винисиус жуниор, Родриго, Ришарлисон, Антони, Лукас Пакета, упатија апел до ПСЖ да не се повлекува од репрезентацијата.

Бразил на штотуку завршеното Светско првенство беше елиминиран во четврфиналето од Хрватска, и тоа по пенал-серијата, а Нејмар по поразот најави дека е можно да се повлече од националниот тим.

Најголемата ѕвезда на Кариоките сигурно ќе ги пропушти следните натпревари на репрезентацијата кои се закажани на почетокот од идната година, а главно прашање на бразилските медиуми е дали тој целосно ќе се повлече од националниот тим.

- Оглас -

Најнови вести