На Украинците им се заканува суспензија, обидот за смена на првиот човек на Федерацијата за ФИФА е нерегуларен

Светската фудбалска федерација (ФИФА) би можела да ја суспендира Фудбалската федерација на Украина (УАФ) поради мешањето на политиката и спортот. ФИФА ѝ упати предупредување на УАФ по апсењето на првиот човек на украинскиот фудбал, Андриј Павелко.

Павелко е уапсен поради наводно користење пари на Федерацијата за други цели и УАФ го предложи Андриј Шевченко да биде идниот прв човек на украинскиот фудбал. Но, неговото именување ќе почека сè додека не се решат несогласувањата со ФИФА. ФИФА се противи на мешање на украинските државни органи сè додека работите не се решат во самата Федерација и токму затоа упати писмо со предупредување за суспензија.

„ФИФА ни испрати писмо за да не потсети дена УАФ треба да си ја работи својата работа без мешање на трета страна. Какво било кршење на правилата може да доведе до суспензија од меѓународните федерации согласно членот 16 на ФИФА и членот 9 на УЕФА. Ние веќе испративме план и програма за сите детали околу смената на Павелко. Но, сега добив нови информации и изгледа дека министерството за правда ќе започне истрага пред сето тоа да се реши во Федерацијата“, изјави потпретседателот на Украинската фудбалска федерација, Олег Протасов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести