2845 Фенербахче – Истанбулспор (Турски куп, 19 часот)
Се очекува дуел на македонските репрезентативци Езџан Алиоски, кој игра за Фенербахче, и Валон Етеми, кој ги брани боите на Истанбулспор.
Двете екипи веќе играа меѓу себе во 2022 година, и тоа пред неполни два месеца и во првенствен меч Фенербахче го декласира градскиот ривал со 5:2.
И сега Алиоски и соиграчите се фаворити, а немаат пораз од Истанбулспор на последните 10 меѓусебни натпревари, а и вкупно се апсолутно надмоќни против денешниот ривал во досегашните мечеви, па ќе типуваме дека пак ќе победат во меч со најмалку 3 гола.
Предлог тип: 1&3+ (1.59)
1601 Гент – Серкл Бриж (Белгиски куп, 20 часот)
Во осминафиналето на белгискиот куп се игра само еден натпревар, па ова ќе биде нокаут-меч и само победа носи пласман во следната рунда, без шанса за поправен испит.
И двете екипи се во топ-форма, а Гент играше и пријателски мечеви за време на Мундијалот и успеа да забележи два триумфа на двата тест-натпревари.
Домаќинот има шест победи по ред и серија од 9 меча без пораз, а и Серкл Бриж со низа од 7 меча без неуспех не заостанува многу.
Последните меѓусебни дуели на Гент и Серкл Бриж изобилуваа со голови, имаше и две седумки, па се очекува заедно лесно да постигнат барем три гола.
Предлог тип: 3+ (1.82) Супер тип на Sport Life
1108 Њукасл – Борнмут (Лига куп, Англија, 20.45 часот)
Њукасл е во одлична серија од 13 меча без пораз, а последен го победи Ливерпул во последниот ден од август со 2:1.
Оттогаш Црно-белите не знаат за пораз, како што не знаат и за неуспех во последните шест меѓусебни дуели со Борнмут.
Приоритет на Црешите е настапот во Премиер лигата, каде што целта е да се избори опстанок, а се чини дека учеството во Лига купот на Англија им е споредна работа.
Њукасл има подобар тим и е фаворит за победа против Борнмут, па типуваме дека ќе ја оствари и дека притоа ќе има барем по еден гол во двете полувремиња.
Предлог тип: 1&1+I&1+II (2.10)
1109 Саутхемптон – Линколн (Лига куп, Англија, 20.45 часот)
Саутхемптон игра лоша сезона во Премиер лигата и е претпоследен, па јасно е дека за Светците следува грчевита битка за опстанок.
Лига купот не им е примарна цел бидејќи стојат многу лошо на табелата во англиското првенство.
Гостин им е третолигашот Линкол, или како што Англичаните ги рангираат лигите, членот на Лига 1.
Ситуацијата им е многу интересна и Линколн со 27 бода е на 14-тото место во конкуренција на 24 екипи и е еднакво оддалечен од позициите за настап во баражот и од опасната зона за испаѓање, а дистанцата и во двата случаи им е по 7 бода.
И тие немаат никаков товар или императив да успеат во Лига купот, натпреварување што полека го губи сјајот во Англија, па очекуваме да има голови во двете мрежи и најмалку три на натпреварот.
Предлог тип: ГГ&3+ (2.25)
1241 Абердин – Глазгов ренџерс (Премиер лига, Шкотска, 21 часот)
Абердин во кус рок од 4 дена има дуели со двата шкотски гиганти, Селтик и Глазгов ренџерс, екипи кои заедно имаат неверојатни 107 шампионски круни.
Бојан Миовски и соиграчите од Абердин немаа среќа против 52-кратниот првак Селтик пред 4 дена и загубија дома со 0:1, со гол примен во 87-мата минута.
Сега пак се домаќини на тим од Глазгов, а гостин им е рекордерот Ренџерс со 55 пехари како шампион на Шкотска.
Но, се чини дека сега шансите на Абердин за успех се поголеми бидејќи Глазгов ренџерс е во криза.
Популарните Полицајци имаат добар тим, но катастрофалниот настап во Лигата на шампионите, каде што урнаа неславен рекорд со шест порази и гол-разлика 2:22, сè уште лебди како голем товар за тимот.
Интерсен е поредокот на табелата, а Селтик е прв со 45 бода, пред Глазгов ренџерс со 36, Абердин со 25 и Хартс со 24, бидејќи тоа се и четирите најтрофејни екипи во Шкотска.
Абердин и Хартс имаат по четири титули, а денеска екипата за која игра Миовски ќе се обиде со подвиг и победа да остане на третото место.
Пореално е да има голови, и тоа од 1-3 во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.81)