Младо момче на 22-годишна возраст го загуби животот во бизарен инцидент на прославата на титулата на Аргентина во Буенос Аирес.
Себастијан Оскар Масиел славел возејќи мотор со знамето на Аргентина и во еден момент тоа се заглавило на едно од тркалата и на вратот и го задавило несреќното момче.
La tragedia con toda probabilidad se debió a la bandera que se quedó atascada en una rueda la Honda XR 150cc, asfixiando al conductor y provocando que perdiera el control de la moto antes de caer sobre el asfalto. https://t.co/RqVcQuX9UF pic.twitter.com/16HUxWe3mV
— luis bottini (@luisbottini) December 19, 2022
Истрагата е во тек, а според првичните информации, недостаток на кислород бил кобен за животот на 22-годишното момче.
„Има сведоци што виделе како момчето паднало на земја со знамето стегнато околу вратот. Според првите симптоми починал од апоксија, односно од недостаток на кислород“, објави аргентинската полиција.
Илјадници луѓе ноќеска ги пречекаа аргентинските репрезентативци по големиот триумф во финалето на Мундијалот во Катар против Франција.
Аргентина победи на пенали и ја освои третата круна, прва за Лионел Меси. И тој за малку избегна трагедија заедно со уште четворица соиграчи, кога возејќи се на кровот на отворениот автобус низ улиците на Буенос Аирес пред нив се појавија кабли.