Меси веќе го дал својот збор, се знае во кој клуб ќе игра идната сезона

Лионел Меси останува најмалку уште една сезона во Пари Сен Жермен, објави „Паризиен“, а преговорите со раководството на клубот се завршени успешно.

Меси и челниците на ПСЖ разговарале во текот на Мундијалот, што заврши на прекрасен начин, за аргентинскиот волшебник, кој конечно стана светски првак на 35-годишна возраст.

Лео го дал својот збор и тоа е гаранција за Светците од Париз дека ќе игра за ПСЖ барем уште во сезоната 2023/24.

Ако се остварат најавите на „Паризиен“, тоа значи дека пропаѓа камбекот на Меси во Барселона и преселбата во САД, во Интер Мајами, клуб кој игра во МЛС-лигата.

- Оглас -

Најнови вести