Популарниот квиз „Слагалица“, кој се прикажува на српската национална телевизија РТС, веќе некое време претставува и „бојно поле“ за дуел на навивачите на Црвена ѕвезда и Партизан, кои тоа го прават со „шифри“ во една од игрите во квизот.
Во играта „скочко“, ако некој почне со комбинацијата „Херц (Срце), херц, ѕвезда, ѕвезда“, веднаш се знае дека е фан на Црвено-белите и дека во срцето му е Црвена ѕвезда. Од друга страна, фан на Партизан тргнува со „Каро, каро, ѕвезда, ѕвезда“, што на сленг е погрдно за Ѕвезда.
Синоќа едниот натпреварувач почна со „карање“ на Ѕвезда, а другиот пред да почне, рече: „Ќе му одговорам на противникот со ‘херц, херц, ѕвезда, ѕвезда‘“.
Ѕвездашот на крај беше подобар, а нивното ривалство во играта „скочко“ може да го погледнете од почетокот на 12-тата минута на видеото: