Жирона и Рајо Валјекано одиграа интересен меч кој заврши 2-2, а двата тима можеа да победат и повеќе да напредуваат на табелата.
Столе Димитриевски прими два гола, двата од пенал, но во 88-мата минута имаше феноменална одбрана која го спаси мадрискиот тим од пораз на ова гостување во Каталонија.
Жирона е тим за кој се досудени најмногу пенали сезонава во Ла Лига, вкупно 7. Тие дадоа и трети гол во судиското продолжение, но погодокот беше поништен поради офсајд. За Рајо ова е последен меч во 2022 година и треба да му заблагодарат на македонскиот голман што продолжи нивната серија без пораз.