Ракометната федерација на Македонија денеска има полни раце работа, да им се заблагодари на сите кои придонесоа за синоќешниот ракометен спектакл да изгледа така како што изгледаше.
РФМ им заблагодари на 6-те илјади навивачи кои беа на трибините. Парите од билетите ќе одат во касата на детското СОС село.
Благодарност имаше и за водителот на настанот, Сашко Коцев, и претставниците на популарната Фаланга, навивачите кои се секаде каде што игра Македонија.
Потоа РФМ упати благодарност и до 24-те легенди кои го прославија македонскиот ракомет во изминатите години, ги пофалија и стручниот штаб, судиите и РФМ дека биле на висина на задачата.