Јирген Клоп ќе има голем проблем во следните 30-на дена, откако дијагнозата за повредата на Вирџил Ван Дајк вели дека се работи за незгодна повреда на бутниот мускул што ќе го одвои еден месец од терените.
Холанѓанецот е столбот на одбраната на Ливерпул, а беше заменет на стартот на второто полувреме на дуелот против Брентфорд пред четири дена.
„Вирџил вели дека ништо не почуствувал и затоа ова е голем удар, а паузата од наш аспект е долга. Сепак сега е најважно да го мине комплетниот процес на рехабилитација и што побрзо да се врати на терен“, вели менаџерот на Ливерпул.
Клоп сезонава има многу проблеми во Ливерпул, а 19-кратниот англиски првак веќе не е конкурент за титулата.
Црвените од „Енфилд роуд“ заостануваат за 16 бода зад лидерот Арсенал, а и останатите ривали му бегаат доста на се уште незавршена половина од првенството.