Ливерпул и Вулверхемптон одиграа 2:2 во меч од ФА Купот, па бидејќи немаше победник, ќе мора да се игра уште еден дуел, по кој ќе се знае патникот во четвртото коло од најстарото фудбалско натпреварување во светот.
Гостите водеа со 1:0, потоа Ливерпул даде два гола за предност од 2:1, но Вулверхемптон не се предаде и постигна втор погодок за 2:2. Волците и по трет пат ја затресоа мрежата на Алисон, но тој погодок беше поништен, откако помошник судијата досуди офсајд.
ВАР системот се вклучи да ја прегледа спорната ситуација, но образложението беше дека ниту една камера не успеала да го фати спорниот момент, па остана првичната одлука на помошникот арбитар.
Тоа што ниту една камера на „Енфилд роуд“ не успеала да го забележи, го „улови“ еден навивач од трибините. Според снимката од овој мобилен телефон, но и по тоа што уште синоќа беше „фатено“ на видео снимките, многу е спорна одлуката дека погодокот е нерегуларен.
Дури и тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се чудеше поради образложението дека камера не успеала да го фати спорниот момент.
„Мислев дека е гол. Играчот на Вулверхемптон во левиот агол беше во задниот дел. Имаме видео од еден агол, го видов во соблекувалната, но не можам да тврдам дали е офсајд. Наводно ВАР системот камера од тој агол. Не знам како може да се случуваат такви работи, но ете ги има. Разбирам зошто нашите ривали се фрустрирани, затоа што сите сакаме да има правилни одлуки“, вели Клоп.
Here's the camera footage you were missing lads. @premierleague @Wolves @LFC just in case you needed it……. #wwfc #FACup pic.twitter.com/HxYr94GdnM
— Lopateg ay we. (@NunoArmy) January 7, 2023