Дали ВАР системот го спаси Ливерпул од пораз? (Фото+Видео)

Многу дилеми и полемика меѓу фудбалските фанови по завршување на дуелот Ливерпул – Вулверхемптон во ФА Купот. Мечот на „Енфилд роуд“ заврши без победник, 2:2, а дилемата е дали гостите се оштетени.

Се играше 82 минута кога Вулверхемптон беше во напад, а гостите дадоа гол за предност од 3:2. Сепак, кратко траеше радоста на играчите на Вулверхемптон, затоа што за брзо време со реакција се јавија од ВАР собата.

Погодокот на гостите беше поништен поради офсајд позиција, а многу фанови се чудат каде арбитрите ја забележаа недозволената ситуација.

Дури и повторената снимка не дава јасна слика за тоа дали погодокот на гостите е праведно поништен. Четирите погодоци кои беа постигнати и признати од судијата може да ги видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести