Македонските фанови ги одборуваат минутите пред тргнувањето кон „Таурон Арената“ во Краков, каде што ракометарите од 18 часот ќе го играат одлучувачкиот натпревар против Аргентина за пласман во главната фаза на Светското првенство.
И Македонија и Аргентина имаат по два порази во првите две кола, но Фалангата верува во избраниците на селекторот Кирил Лазаров и во одлично расположение во македонската фан зона, локалот Browararna Lubicz со пиво на масите се подготвува за вечерашниот натпревар, во кој победата е императив за избраниците на Лазаров.