Фалангата со симпатична провокација до Аргентинците: Каде ви е Меси?

Фан зоната за македонските навивачи во Краков која се наоѓа во една пивница почнува да се полни.

Фалангата е добро расположена, а доказ за тоа е и досетката со маската со ликот на Лионел Меси. „Каде ви е Меси?“ пишува на маската, а асоцијацијата е јасна, хит-изјавата на еден саудиски навивач кој прашуваше каде бил Меси по поразот на Аргентина од Саудиска Арабија на фудбалското СП.

Меси секако нема да игра вечерва против Македонија, а добро би било и ракометниот Меси, Диего Симоне од Монпелје да потфрли, па нашите да извојуваат триумф.

- Оглас -

Најнови вести