Данските судии признаа дека згрешиле на штета на Хрватска

Хрватска синоќа загуби од Германија со 22:21 и на тој начин ги загуби шансите да се надева на место во полуфиналето на Светското ракометно првенство. Од друга страна, Германија со победата си обезбеди место меѓу најдобрите четири селекции и ќе се бори за медал.

Хрватите имаа многу забелешки на делењето на правдата од страна на данските судии, а селекторот на „коцкестите“, Лино Червар дури изјави дека тие треба да завршат во затвор. По еден поминат ден, данските судии дадоа изјави во кои признаваат дека направиле грешка на штета на Хрватска, но дека тоа веќе не може да се коригира.

Посебно сомнителна е ситуацијата во која се решаваше победникот, а арбитрите досудија фаул во напад на Иван Карачиќ.

„Не можевме да спиеме ноќеска, но мора да поминеме преку тоа. Тоа беше одлука која имаше големо влијание на мечот. Беше тешка ситуација. Повеќе од 15 пати ја гледав ситуацијата и погрешна беше одлуката да се досуди фаул во напад“, вели судијата Мартин Гјединг.

И неговиот судиски партнер, Мадс Хансен вели дека е свесен за направената грешка.

„Добро сме, но секако дека малку влијае кога ќе направите нешто погрешно. Влијае на нашата гордост и на нашиот професионализам во кој вложуваме секој ден. Свесни сме дека има притисок во оваа работа, но мислам дека ние добро се носиме со тоа. Ако не знаеме како да го издржиме притисокот, тогаш не треба да сме на теренот и да ја делиме правдата“, додава Хансен.

Од Хрватската ракометна федерација направија клип на којшто ги имаат потенцирано сомнителните одлуки на судиите од Данска. Клипот може да го погледнете ТУКА. 

 

- Оглас -

Најнови вести