Ракометната репрезентација на Македонија вечерва од 18 часот против Јужна Кореја го игра последниот натпревар на Светското првенство што се одржува во Полска и Шведска.
Репрезентацијата која на Мундијалот замина подмладена, разочара со игрите, оствари само две победи и ќе го забележи најслабиот резултат во досегашните настапи на Светските првенства. Македонија против Јужна Кореја ќе игра за 27-мата позиција на СП. Ракометарите остварија две победи, над Алжир и Мароко со идентични 40:25, но загубија на останатите средби со Хорвешка, Холандија, Аргентина и Тунис.
Досега најслаб резултат беше 23-тото место на претходното СП што се играше во Египет пред две години.
Македонија досега одиграла еден натпревар против Јужна Кореја на Светските првенства, во 2009 година во Хрватска, Црвено-жолтите славеа со 32:31 во натпреварот за 11-тото место.
Според квотите, избраниците на селекторот Кирил Лазаров се фаворити за победа и квотата во Sport Life за триумф изнесува 1.45.