Столе Димитриевски во континуитет брани одлично во една од најсилните лиги на светот, во шпанската Ла Лига, а и вечерва покажа дека со право го рангираат како еден од топ-голманите.
Во 32-рата минута од мечот против Вилјареал, на кој неговиот тим Рајо Валјекано е гостин, Димитриевски имаше двојна одбрана, а интервенциите му се класа.
Најпрво го одбрани силниот удар на Алекс Баена, а веднаш потоа го скроти и шутот на Етјен Капуе.
https://twitter.com/RayoVallecano/status/1620164110741823488?s=20&t=zF3pKvB5CJbMbR7LssGwTA
По еден час игра, резултатот е 0:0, а најзаслужен што Жолтата подморница не води е токму Столе Димитриевски.