Сакаше да го испровоцира Дончиќ, но тоа имаше контра ефект (Видео)

Лука Дончиќ одигра уште еден маестрален меч и даде 53 поени во победата на Далас против Детроит. Тој стана само третиот кошаркар во последните 50 години кој во првите пет сезони во НБА имал најмалку пет натпревари на кои давал најмалку 50 поени, пред него тоа им успеало само на Мајкл Џордан и Леброн Џејмс.

Словенецот посебно блесна во првата четвртина, кога постигна дури 24 поени од вкупно 30 на неговиот тим. Како клучен момент за ваквата инспирација на Дончиќ е тоа што се случило непосредно пред мечот.

Џером Ален, кој е помошник-тренер на Детроит, се обидел да го испровоцира Дончиќ пред мечот, но наместо да го деконцентрира, му дал само мотив на Лука да „експлодира“ на теренот.

Пред крајот на дуелот, кога беше јасно дека Далас ќе победи, се случи инцидент меѓу Дончиќ и Ален.

„Помошник-тренерот на Детроит се обиде да ме испровоцира пред мечот, а не му се допадна кога му вратив. Ако некој ме нападне, нема да се уплашам, туку и јас ќе нападнам“, рече Дончиќ по средбата.

https://twitter.com/i/status/1620270057870790658

- Оглас -

Најнови вести