Дончиќ е неверојатен, дојде до такво постигнување какво што во последните 50 години им успеало само на Џордан и на Леброн (Видео)

Лука Дончиќ со уште еден неверојатен натпревар го предводеше Далас маверикс до победата од 111:105 над Детроит пистонс. Далас успеа да надомести негатива од 11 поени од третата четвртина и на крајот да слави, и тоа благодарение на Дончиќ, кој натпреварот го заврши со 53 поени.

Ова беше четврти натпревар сезонава во која словенечкот кошаркар дава 50 или повеќе поени.

Тој стана само третиот кошаркар во последните 50 години кој во првите пет сезони во НБА имал најмалку пет натпревари на кои давал најмалку 50 поени, пред него тоа им успеало само на Мајкл Џордан и Леброн Џејмс.

Дончиќ речиси половина поени ги даде во првата четвртина, 24 од вкупно 30 колку што постигна неговиот тим.

Демиен Лилард со 42 постинати поени го предводеше Портланд до победата од 129:125 над Атланта, за која Дежонте Мареј даде 40 поени.

ЛА лејкерс со Леброн Џејмс и Ентони Дејвис е просечна екипа и немаше никакви шанси на гостувањето кај Бруклин нетс губејќи со 121:101. Кајри Ирвинг со 26 поени и Милс и Томас со по 21 го предводеа Бруклин до 31-вата победа сезонава.

Резултати: Филаделфија – Орландо 109:119, Бруклин – ЛА лејкерс 121:104, Минесота – Сакраменто 111:118, Оклахома сити – Голден стејт 120:128, Сан Антонио – Вашингтон 106:127, Далас – Детроит 111:105, Феникс – Торонто 114:106, Портланд – Атланта 129:125

- Оглас -

Најнови вести