Лацио има шанса да се искачи на третото место на табелата во Серија А, Рајо и Столе нема да кикснат пред своите гледачи

3008 Верона – Лацио (18:30 ч.)

Лацио во претходното коло ја прекина мини-серијата од две победи по ред и одигра без победник 1:1 против Фиорентина, додека Верона ремизира со Удинезе (1:1). По новиот пораз на Милан, со кој остана на 38 бода, Лацио има шанса со евентуална победа да скокне на третото место на табелата.

Од друга страна, Верона се наоѓа на 18-тото место на табелата, последно кое носи пласман во Серија Б и до крајот на сезоната ја чека грчевита борба за опстанок. На Лацијалите им годи гостувањето во градот на Ромео и Јулија и на последните пет средби славеше на четири и загуби само еднаш.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.75)

 

3009 Монца – Сампдорија (20:45 ч.)

Сампдорија заедно со Кремонезе се главните фаворити за испаѓање од Серија А, во 20 натпревари сè уште не успеаја да освојат барем 10 бода. Дебитантот во Серија А, Монца, пак игра одлично и се наоѓа на 11-тата позиција и нема пораз во 2023 година, остварувајќи две победи и трипати ремизираа. Монца славеше и на првиот меѓусебен натпревар сезонава со 0:3 и за очекување е вечерва да дојде до нови три бода.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.45)

 

1544 Рио Аве – Спортинг (22:15 ч.)

Спортинг Лисабон врза две победи во португалскиот шампионат и ја продолжува трката по третото место на табелата, кое носи во квалификациите во ЛШ. Спортинг има 35 бода од 18 натпревари, додека третата Брага има осум бода повеќе, но и натпревар повеќе. Спортинг славеше на последните три меѓусебни натпревари, од кои два се одиграа сезонава. Прво на домашен терен со 3:0 го победи Рио Аве, а потоа како гостин со 0:2 славеше во португалскиот Куп.

Предлог тип: 2 & 1+ второ (1.83)

 

1363 Рајо Валјекано – Алмерија (21 ч.)

Рајо Валјекано, чиј гол го чува македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски, има одлична шанса да се врати на позициите кои носат пласман во европските купови. Рајо е осми на табелата со 29 бода, додека петтиот Вилјареал има два бода повеќе. Токму во претходното коло како гостин го победи Вилјареал, а навивачите очекуваат победничката серија да продолжи и вечерва. Алмерија е 14-та со 22 бода, а во последното коло го совлада Еспањол со 3:1.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.00)

 

1023 Блекбурн – Виган (21 ч.)

Блекбурн е апсолутен фаворит против фенерџијата во Чемпионшип дивизијата, Виган, кој загуби на пет од последните шест натпревари. Блекбурн има шанса со победа да скокне на петтото место на табелата, кое гарантира плејоф за пласман во Премиер лигата. Виган славеше во последните три меѓусебни дуели, но Блекбурн се наоѓа во подобра форма и за очекување е серијата да биде прекината и домаќинот да ги освои трите бода.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.60)

- Оглас -

Најнови вести