Поранешниот европски првак Партизан е во топ-форма и е во серија од 7 победи во сите натпреварувања, а вечерва го декласира и Баерн во Минхен во меч од Евролигата.
Триумфот е со двоцифрена разлика, 82:71, а е исклучително значаен за црно-белите, кои сега имаат биланс од 13 победи и 11 порази на седмото место, кое води во плејофот за титулата.
https://twitter.com/EuroLeague/status/1623784282341920768?s=20&t=kbly7w4GTDIeoXBYEXslmA
Кевин Пантер со 19 поени и Матијас Лесор со 16 поени ја предводеа жешката машина од Белград, која игра импресивно во новата година.
Нанали уфрли 14 поени, а Ексум 11, додека кај Баерн најефикасни беа Сили со 11 и Вејле Боб со 10 поени.
Во истиот термин од 20.30 часот Барселона го декласира Виртус во Болоња со 92:75 и е на третото место со 16 победи и 8 порази.
Во меч што се играше од 20.05 часот, Црвена ѕвезда како гостин го победи Макаби во Тел Авив со 89:86 за потполн успех на гостинските екипи.